| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва премиера на „Смислата на животот“ во битолски театар

Вечерва е премиера  на претставата „Смислата на животот“ работена по текст на познатиот израелски автор Идо Нетањаху, во режија на Благој Мицевски.

Светската праизведба на текстот на познатиот израелски автор Идо Нетањаху премиерно на битолската театарска сцена. Дали во душата на човекот може да се бара злобата, огромната злоба, како онаа кон Евреите. Колку нејзиното искоренување е можно со лекувањето на индивидуата, независно дали таа е предатор или плен. И дали таа опшествена болест е производ на идеологија што ја прави уште пострашна, се прашањата на сржта на претставата „Смислата на животот“ во режија на Благоја Мицевски.

„Претставата неминовно во еден дел покрај историските случувања за време на холокаустот се допира до денешните проблеми во светот во кој живееме и е таков каков што е“, вели режисерот Благоја Мицевски.

Седумчлената актерска екипа ќе се обиде да ги долови толкувањата на барањето на смислата на животот. Сложена тема и концепција која не е лесно да се одигра, велат носечките ликови во претставата.

„Споредбата тргнува со холокаустот, а денешницата и случувањата треба да докажат дека се е некаква лекција од која треба да се влечат поуки“, вели актерката Соња Михајловска.

„Ликот кој го играм ја бара смислата на животот во душата на човекот. Кога ќе се излечи душата, секоја појава исчезнува, насока која се однесува и за мене и ја почитувам во приватниот живот“, вели актерот Петар Горко.

16864406_1383164665040377_9100281133323173042_n

„Авторот текстот го пишува на еден висок стил што и од нас актерите бара посебна подготовка и своевидна прецизност“, вели актерот Васко Мавровски.

„Смислата на животот“ е првата годинешна премиера од одобрените во програмата на Министерството за култура. Инаку на сцените на Битолскиот народен театар во фаза на подготовка се уште три претстави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top