Суверена, самостојна, независна, демократска и просперитетна Република Македонија е исклучително дело на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година. ВМРО е преторијанската гарда на македонскиот народ и на македонската држава. Вмровците, како и другите што даваат, некои малку, некои повеќе, некои многу, се разликуваат од останатите по тоа што тие даваат сѐ. Тие никогаш не се изморуваат од давањето за својата татковина, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО НП Ламбе Арнаудов во интервју за неделникот Република.
Коментирајќи ја актуелната ситуација и заканите за девмроизација, Аранудов вели дека веќе на сите им е јасно зошто тоа се случува.
- Сега мислам дека на сите им е јасно зошто девмроизација затоа што тоа како производ го има најстрашното – демакедонизација. Низ историјата се покажало дека кога треба да ѝ наштетиш на Македонија, прво треба да го средиш ВМРО, ама поради нашиот карактер и верба, тоа е невозможна мисија. Се обиделе и многу помоќни, посилни, попаметни да удрат на ВМРО и на Македонија, и завршиле таму каде што им е местото – поразени до нога, вели Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.