
Реванш натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК во Лигата на Европа вечерва повторно беше во центарот на вниманието. Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“, навивачката група на Шалке, возвратија на политичката провокација.
На реваншот натпреварот кој вечерва се одигра во Гелзенкирхен, можеше да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината. На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи фаворитот Шалке 04 во осминафиналето и го елиминираше грчки ПАОК од натпрeварувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонија е една и единствена и таа е тука“ развеа ПАОК во Солун
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Со пиштол на ременот, газдата на ПАОК му се заканил на судијата: Ти си мртов човек! (видео)
-
Го признал голот и го прекинал мечот: Извештајот на судијата на грчкото дерби каде сопственикот на ПАОК влета со пиштол


