Синоќешното дерби во грчката прва лига помеѓу ПАОК И АЕК не се доигра откако во 90. минута му беше поништен гол на тимот до Солун за победа. Потоа се случи огромна мешаница кога во терен влета сопственикот на ПАОК, Иван Савидис кој со пиштол сакаше да се пресмета со судиите, па иако имаше само минута-два за доигрување, мечот беше прекинат.
По средбата, судиите кои со силно полициско обрзбедување беа изнесени од стадионот, на чело со главниот арбитер Јоргос Коминис, составиле извештај во кој се вели:
1.Насилен упад на Иван Савидис на терен во придружба на личното обезбедување.
2. Напад од страна на Савидис врз Василис Димитријадис од АЕК.
3. Љубош Михел вербално го нападна Јоргос Коминис со зборовите „Готов си“. После сетоа ова одлучив да влезам во соблекувалната бидејќи ситуацијата не дозволуваше мечот да продолжи.
4. Во соблекувалната, претседателот на АЕК, Минас Лисандру ми рече дека неговите играчи биле преплашени поради пиштолот кој и јас самиот го видов.
Најинтересно е тоа што судијата за резултатот напишал дека после консултацијата со асистентот го признал голот, но упадот на Иван Савидис со пиштол го прекинал мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонија е една и единствена и таа е тука“ развеа ПАОК во Солун
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Со пиштол на ременот, газдата на ПАОК му се заканил на судијата: Ти си мртов човек! (видео)
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)