Грчките медиуми и натаму со неверување ги пренесуваат драматичните случувања од теренот на мечот меѓу ПАОК и АЕК, на кој во главна улога се најде сопственикот на домаќините кој одлучи да ги решава работите на свој начин, влетувајќи вооружен на теренот.
Судијата му поништи гол на ПАОК по една контроверзна ситуација во самата завршница, а тоа предизвика хаос на теренот и влетување на Иван Савидис кој заедно со своите бодигарди парадираше на теренот со пиштолот кој му беше на ременот. Грчките медиуми откриваат дека Савидис им забранил на своите играчи да го доиграат мечот кој официјално е запишан со резултат 0-0, а исто така обелоденуваат дека на главниот судија кој го поништи голот му се обратил со зборовите „ти си мртов човек“.
За неверојатниот хаос и лудница на теренот по крајот на мечот говореше и тренерот на АЕК, кој вели дека Савидис им се заканувал и на играчите на неговиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонија е една и единствена и таа е тука“ развеа ПАОК во Солун
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Го признал голот и го прекинал мечот: Извештајот на судијата на грчкото дерби каде сопственикот на ПАОК влета со пиштол
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)