| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Шалке ја накитија трибината со македонски знамиња (Фото)

mkd-znaminja

Реванш натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК во Лигата на Европа вечерва повторно беше во центарот на вниманието. Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“, навивачката група на Шалке, возвратија на политичката провокација.

На реваншот натпреварот кој вечерва се одигра во Гелзенкирхен, можеше да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината. На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи фаворитот Шалке 04 во осминафиналето и го елиминираше грчки ПАОК од натпрeварувањето.

erdzerdz-106034

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top