„Македонија е една и единствена и таа е тука“ на англиски јазик и „Ги убивте луѓето во Рафина, ја продадовте Македонија за пари“ на грчки, порачаа денеска фановите на клубот ПАОК. Двата транспаренти беа истакнати на трибините на стадионот „Тумба“ во Солун пред вечерашниот натпревар со Базел од квалификациите за фудбалската Лига на шампионите.
„Сочувство за семејствата на жртвите“ и „Изгорени шуми, цветни алеи, поддршка за жртвите“ се пораките од другите транспаренти со кои навивачите се солидаризираа со настраданите од катастрофалниот пожар во Атика.
Иако денеска е првиот од трите дена на жалост во Грција, натпреварот мораше да се одигра поради инсистирањето на УЕФА.
Извор: Експрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Со пиштол на ременот, газдата на ПАОК му се заканил на судијата: Ти си мртов човек! (видео)
-
Го признал голот и го прекинал мечот: Извештајот на судијата на грчкото дерби каде сопственикот на ПАОК влета со пиштол
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)