| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска сестра одбила да хоспитализира дете зашто мајката немала ситно

Огромен скандал го тресе здравствениот дом во Прокупље, во близина на Ниш, откако за викендот, медицинска сестра одбила да прегледа дете поради тоа што неговата мајка не можела да собере ситни пари во износ од околу 150 српски динари или некаде околу 70 македонски денари.

Според информациите, мајката го однела своето 3-годишно дете на дежурен лекар, бидејќи имало висока температура проследена со дијареја и повраќање.

Бидејќи претходно биле на гости, мајката не ја носела здравствената книшка, па во здравствениот дом и побарале да плати 357 динари (околу 180 денари) партиципација.

Мајката извадила банкнота од 1000 динари, но медицинската сестра која работела во картотеката одбила да ги прими парите оправдувајќи се дека нема ситно за да врати кусур. Мајката објаснила дека е недела и дека нема каде да ги раситни парите, при тоа нудејќи евра но и платежна картица.

Но сестрата ги одбила сите понуди на мајката. Тогаш таа и нејзината сестра успеале да соберат 200 динари ситни пари, но ниту тоа не било доволно за сестрата да ги прегледа детето.

Мајката морала болното дете да го врати дома. Случајот го пријавила кај надлежните а тие отвориле истрага. Медицинската сестра е суспендирана до завршувањето на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top