Претседателот на Србија Томислав Николиќ попладнево за српски „Курир“ изјави дека кандидат за претседател ќе биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, пренесува Танјуг.
Николиќ посочи дека за распределбата на функциите со Вучиќ ќе разговараат по претседателските избори.
Изјавата на Николиќ доаѓа по средбата со Вучиќ, на која обајцата се согласиле дека во период кога Србија се наоѓа пред сериозни предизвици и искушенија неопходно е да се пружи заеднички и сеопфатен одговор.
„Блиц“ објави дека Николиќ се откажал од кандидатурата иако, како што наведува весникот, неговите соработници за време на викендот го „убедувале сепак да оди до крај“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.