| четврток, 6 декември 2018 |

Будуќност се распродава, по Цвијиќ и Булатовиќ ја напушта Подгорица

katarina bulatovic

Една од најдобрите светски ракометарки Катарина Булатовиќ одлучи да го напушти матичниот Будуќност и пак да замине во странство.

Левиот бек на репрезентацијата на Црна Гора и европскиот првак од пред две сезозни ќе ја прифати понудата на рускиот Ростов на Дон, каде настапуваат некогашните вардарки Дембеле и Черноиваненко и ќе потшише двегодишен договор.

Булатовиќ е една од најтрофејните ракомерарки од светот и каде што таа потпишува, таму доаѓаат и трофеите. Претходно Црогорката покрај за Будуќност настапуваше и за романската Валчеа, германскиот Шлагелсе и унгарскиот Ѓер.

Со оглед на тоа што Цвијиќ потпиша за Вардар, сигурно заминува и Булатовиќ, а Неагу има понуда од Романија, шампионската генерација на Будуќност се распаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top