Меѓународната боречка федерација денеска донесе одлука со која се укинува суспензијата на Федерацијата на Македонија за борење, со што македонското борење повторно максимално рамноправно се враќа на европската и светската сцена.
Само неколку месеци откако Бетим Вранези, како претседател, и Дејан Богданов, како негов заменик, го презедоа кормилото на македонското борење од Ванчо Чифлиганец, успеаја да ги подмират сите финансиски долгови кои ги имаше федерацијата кон Меѓународната федерација, по што повторно го вратија еден од најтрофејните македонски спортови на интернационалната карта.
Одлуката на Меѓународната федерација за борење, како што се вели во соопштението, веднаш стапува на сила по што Македонија ќе може да учествува на сите европски и светски натпреварувања.
Како што е познато, Македонија беше целосно суспендирана од сите светски натпреварувања на 27. септември минатата година поради долгови кон Меѓународната федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.