| четврток, 6 декември 2018 |

Наталија Тодоровска ќе биде тренер во Металург

Поранешната македонска репрезентативка Наталија Тодоровска го засили тренерскиот состав на Металург. Таа ќе ја води генерацијата на девојчиња родени 2004-5 години, објави клубот на својата интернет страница.

 

– Со задоволство ја прифатив понудата да се вклучам во одговорната работа со млади ракометарки. Мојата работа ќе биде олесната бидејќи се познавам со сите тренери на Металург. Очекувам плодна соработка, која се надевам дека ќе резултира со нови млади ракометарки кои во иднина ќе ги пополнат пионерските, кадетските и младинските екипи на ЖРК Металург, а се надевам дека многу од нив ќе бидат и дел од сениорската екипа на Металург и идни репрезентативки на нашата земја – рече Тодоровска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top