Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга во август ќе го добијат своето второ дете.
Таа најверојатно е во вториот месец од бременоста, а токму тоа ја спречило да допатува во Ниш со својот сопруг за „Дејвис“ купот.
Се шпекулира дека Јелена ќе се породи во Монако, а семејство на Новак се надева на девојче.
Светските обложувалници во своите понуди веќе имаат коефициенти за можните имиња. Најголеми шанси има името Немања за момче или пак Катарина за девојче.
Оваа информација двојката пред неколку дена ја потврдила и за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија