Десетгодишно дете било нападнато и ограбено синоќа на ул. „50та Дивизија“ во Скопје.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, А.П (44) од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека вчера попладне околу 17 часот на ул.„50 та Девизија“ спроти маркетот засега непознато лице го нападнало неговиот 10годишен син и му одзел спортско ташниче во кое имало мобилен телефон и клуч од станот. Разбојникот се доближил до детето, го фатил за врат, го турнал на земја и му го одзел ташничето, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информира МВР во редовниот Билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.