| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пад од три места на ранг-листата на ФИФА, Македонија сега е 165. во светот

makedonska-fudbalska-reprezentacija

Македонската фудбалска репрезентација забележи пад од три позиции и сега се наоѓа на 165. место на ранг-листата на ФИФА. Веднаш зад нас се наоѓа селекцијата на Косово, која од пред една година доби можност да биде рангирана на оваа листа.

Од селекциите од нашата група за СП 2018, Шпанија е десеттопласирана, Италија е на 15. место, селекцијата на Албанија падна за четири позиции и сега е на 55. место, а Израел е на 60. позиција. Лихтенштајн, нашиот следен противник во квалификациите, се наоѓа на 178. место на листата на ФИФА.

Аргентина е на водечката позиција, второрангирана е селекцијата на Бразил, а на третото место се наоѓа Германија. Во првата „десетка“ се и Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top