Под наслов „Вкусот на текстилот“, денес, со почеток во 20 часот, во „Јавна соба“ ќе се одржи продажна изложба на македонски пионерски марки. Влезот во Јавна соба е слободен.
Имено, станува збор за млaди креативци од Институтот за дизајн и за инженеринг на облека при Технолошко-металуршки факултет од Скопје, кои работеа три месеци на развој и на производство на иновативни призводи од текстил. Производите се целосен пазарен новитет од аспект на функционалност, секој производ има две и повеќе функции, приспособен е на урбаните очекувања и можности, лесен е за производство во соработка со локални производители што на некој начин го обезбедува опстанок на овие пионерски марки и е гаранција за нивни натамошен развој – велат организаторите.
Изложбата на инсистирање на организаторите е со продажен карактер. Велат, има доволно уметници во земјава, но недостигаат дизајнери и обазование, кое пазарно ке ги насочи уште од самиот старт. Тука не станува збор за колични стока, туку за мини-серии, 2 до 3 исти парчиња на текстил, за да се прикажат сите функции но и јасно да се искомуницира вредноста на производите. Овој тип на неформално образование е многу значајно за во иднина да видиме здрави генерацији на дизајнери кои не само што ќе бидат креативни, туку ќе знаат и да го капитализираат своето знаење и труд.
Во сите производи се гледа балканската итрина и досетливост од страна на младите креативци, кои одлично ги владеат материјалите. На изложбата посетителите ќе имаат можност да видат 10 изработени производи во мини-серии, кои се резулатат петдневната работилница за време на „Скопје дизајн вик 2016“ и постпродукциски процес од три месеци. Ќе видиме престилки за готвење, кои можат да бидат кабаници за дожд или торби за пазарење, ракавици за чистење прав и футрола – држач за мобилен, торба и фустан за на плажа и многу други интелигентно споени фунции.
Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, центарот за дизајн „Јавна соба“ и Институтот за дизајн и за инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки факултет – Скопје
Центарот за дизајн „Јавна соба“ веќе има воспоставена практика и методологија за реализација на научно-практични работилници каде што производите завршуваат на пазарот. Како резулатат на долгогодина работа и серии на спроведени работилници видно е унапреден дизајнерскиот сектор во земјава и во регионот и се призведени повеќе од 80 марки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.