| четврток, 6 декември 2018 |

Дизајнерска изложба „Вкусот на текстилот“

Под наслов „Вкусот на текстилот“, денес, со почеток во 20 часот, во „Јавна соба“ ќе се одржи продажна изложба на македонски пионерски марки.  Влезот во Јавна соба е слободен.

 

Имено, станува збор за млaди креативци од Институтот за дизајн и за инженеринг на облека при Технолошко-металуршки факултет од Скопје, кои работеа три месеци на развој и на производство на иновативни призводи од текстил. Производите се целосен пазарен новитет од аспект на функционалност, секој производ има две и повеќе функции, приспособен е на урбаните очекувања и можности, лесен е за производство во соработка со локални производители што на некој начин го обезбедува  опстанок на овие пионерски марки и е гаранција за нивни натамошен развој – велат организаторите.

 

Изложбата на инсистирање на организаторите е со продажен карактер. Велат, има доволно  уметници во земјава, но недостигаат дизајнери и обазование, кое пазарно ке ги насочи уште од самиот  старт. Тука не станува збор за колични стока, туку за мини-серии, 2 до 3 исти парчиња на текстил, за да се прикажат сите функции но и јасно да се искомуницира вредноста на производите. Овој тип на неформално образование е многу значајно за во иднина да видиме здрави генерацији на дизајнери кои не само што ќе бидат креативни, туку ќе знаат и да го капитализираат своето знаење и труд.

 

Во сите производи се гледа балканската итрина и досетливост од страна на младите креативци, кои одлично ги владеат материјалите. На изложбата посетителите ќе имаат можност да видат 10  изработени производи во мини-серии, кои се резулатат  петдневната работилница за време на „Скопје дизајн вик 2016“ и постпродукциски процес од три месеци.  Ќе видиме престилки за готвење, кои можат да бидат кабаници за дожд или торби за пазарење, ракавици за чистење прав и футрола – држач за мобилен, торба и фустан за на плажа и  многу други интелигентно споени фунции.

 

Проектот е поддржан од страна на Амбасадата на кралството на Холандија, центарот за дизајн „Јавна соба“ и Институтот за дизајн и за инжинеринг на облека при Технолошко-металуршки факултет – Скопје

Центарот за дизајн „Јавна соба“ веќе има воспоставена практика и методологија за реализација на научно-практични работилници каде што производите завршуваат на пазарот. Како резулатат на долгогодина работа и серии на спроведени работилници видно е унапреден дизајнерскиот сектор во земјава и во регионот и се призведени повеќе од 80 марки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top