| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот конгресмен Рорабакер: Македонија не е држава и треба да се подели

amerikanski kongresmen rohrabacher

Американскиот конгресмен Дана Рорабакер вели дека Македонија не е држава и дека треба да се подели. Во интервју за Визион Плус од Тирана, Рохрабачер истакна дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега според него, сите околности се создадени нејзините делови да им се дадат на соседните држави, вклучувајќи го и Косово и Бугарија, пренесе Алсат-М.

Мојот став е дека Македонија не е држава. Жал ми е, но не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат во можност да одат добро заедно. Затоа Косовците и Албанците во Македонија треба да биде дел од Косово, додека другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или со било која друга земја за која тие тврдат дека се поврзани. Идејата е дека ние сакаме да ја држиме Македонија во живот, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е конфигурација која треба да произлезе од растурањето на Југославија, но тоа нема да доведе до образложение дека оваа идеја се уште држи, изјави конгресменот Дана Рорабакер.

На прашањето дали администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ја поддржува идејата на Рохрабачер, тој рече дека има влијание врз американската надворешна политика и дека во иднинам на седници на Комисијата за надворешни прашања ќе се разговара и за прашањето на промена на границите на Балканот.

Јас имам влијание врз американските политичари. Јас сум претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом што се занимава со тој дел од светот. Ќе имаме седници во наредните месеци. Едно од прашањата за кои ќе разговараме е промената на границите, со цел тие да имаат смисла и да донесат мир на Балканот, додава тој.

Рохрабачер во интервју за Визион Плус истакнал дека САД не се плаши од руското влијание на Балканот и покрај индикациите кои постојат. Во новата администрација на претседателот Трамп, Дана Рохрабакер е претседател на Комитетот за надворешни работи, чија задача е надворешната политика на САД. Рорабакер исто така, бил помошник на поранешниот претседател Роналд Реган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top