| четврток, 6 декември 2018 |

Каде беше две недели Меланија Трамп?

Две недели Меланија Трамп, првата дама на САД воопшто не се појави во јавност. Последен пат таа беше во јавноста на 21-ви јануари, и тоа на молитвата после инаугурацијата во Националната катедрала во Вашингтон.

Иако првата дама и самата најави дека има намера да остане во Њујорк сè додека нејзиниот син Барон не ја заврши училишната година, таа не била забележана ниту во „Големото јаболко“.

melanija-tramp-posle-dve-nedeli-baletanki-10

Сепак, Доналд Трамп денес одлета во одморалиштето Мар-а-Лаго за да се сретне со неа, а средбата секако ја забележаа и фото-репортерите.

Меланија во оваа пригода се појавила во кус црвен фустан со долги отворени ракави, а од обувки одбрала балетанки.

melanija-tramp-posle-dve-nedeli-baletanki-15

Освен дружењата за време на кусите одмори, Меланија очигледно засега нема намера за постојано да биде во друштво на својот сопруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top