| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е Меланија Трамп на 16 години: Фотографии од нејзината прва фотосесија (галерија)

Триесет години пред да стане прва дама на САД, Меланија Трамп се обидуваше да се пробие во модниот свет. Својата прва модна фотосесија Меланија ја направи во својата родна земја Словенија.

00

На црно-белите фотографии, кои се дело на словенечкиот фотограф Стане Јерко, таа има 16 години.

01

Стане изјавил дека изгледот на Меланија го привлече неговото око додека таа чекала своја пријателка потпрена на ограда. „Беше јануари 1987 и јас си заминував дома по завршувањето на модна ревија. На скалите здогледав девојка кога веднаш ми го зароби погледот. Таму стоеше висока, слаба и атрактивна девојка со специфични очи“ – изјавил Јерко. Тогаш, тој ја поканил за фотосесија во своето студио.

02

Јерко најпрво ја опишал Меланија како срамежлива и повлечена девојка, но признал дека за кратко време се прилагодила на фотоапаратот.

03

Фотографиите на Јерко стигнаа до големи модни агенции кои ѝ ја отворија вратата на младата девојка кон светската модна индустрија.

04

05

06

10

11

12

 

 

извор:Фемина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top