Две недели Меланија Трамп, првата дама на САД воопшто не се појави во јавност. Последен пат таа беше во јавноста на 21-ви јануари, и тоа на молитвата после инаугурацијата во Националната катедрала во Вашингтон.
Иако првата дама и самата најави дека има намера да остане во Њујорк сè додека нејзиниот син Барон не ја заврши училишната година, таа не била забележана ниту во „Големото јаболко“.
Сепак, Доналд Трамп денес одлета во одморалиштето Мар-а-Лаго за да се сретне со неа, а средбата секако ја забележаа и фото-репортерите.
Меланија во оваа пригода се појавила во кус црвен фустан со долги отворени ракави, а од обувки одбрала балетанки.
Освен дружењата за време на кусите одмори, Меланија очигледно засега нема намера за постојано да биде во друштво на својот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.