Во Исфахан, Иран, се роди дете од ембрион стар 14 години.
Докторот Сејед Аздола Калантари изјавил дека е задоволен што овој потег резултирал со раѓање на здраво дете. Тој додал дека во специјалните комори за замрзнување има уште 100 илјади ембриони.
Родилката на бебето од ембрион стар 14 години, има 42 години. Според медиумските извештаи, жената се чувствува добро.
Таа се одлучила за оваа постапка откако успеала да се излечи од рак на лимфните јазли. Пред да започне со хемотерапија, жената оставила замрзнати јајце-клетки, со надеж дека ако се излечи ќе може да има деца. Тоа се остварило.
Овој метод на инвитро оплодување се смета за еден од најчестите методи за остварување како родители на жените кои имале рак, посебно на оние кои подложеле на зрачење и хемотерапија.
„Спутник њуз“ бележи дека иранските власти интензивно се обидуваат да го зголемат наталитетот во земјата. Пред неколку седмици бил донесен закон со кој на татковците им се дозволува да користат породилно отсуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)