Во новиот број на неделникот „Република“, кој излегува утре, ќе читате:
Нови избори или нова криза
Сите опструкции што ѝ се прават на ВМРО-ДПМНЕ при обидот да формира стабилна влада не се ништо друго, освен продолжение на претходното сценарио за поставување квислиншка власт од страна на Сорос и на остатоците од администрацијата на Обама во Македонија. Да се потсетиме, откако не успеа обидот да се наместат резултатите од изборите, се обидоа да го наместат прегласувањето во Теарце. Кога и тоа не успеа, во Тирана се измисли некаква платформа за унапредување на албанските права, која се користи за нови уцени и за нови отстапки на Македонците. Минирањето на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во последен момент е само уште една диверзија извршена со помош на надворешните пријатели на Заев. Веднаш потоа повторно се активираа амбасадорите на САД и на Британија со „препораки“ како да се формирала влада.
Љамалари кажа, Заев потврди
СДСМ веќе не е македонска партија
Албанска платформа? Став, дури по мандатот. Точка! Веројатно, олку громогласен молк Македонија одамна и нема слушнато. Поверојатно никогаш. Можете да го видите и допрете, буквално. Знаете, кога некој не сака да каже што мисли, а од него, едноставно, зрачи, блика одговорот. Истиот тој Заев, кој кумуваше на платформата, уште пред таа да биде и зачната, сега еден месец нема став за неа. Прашањето е – кум или, сепак, родител? Од биолошка гледна точка, СДСМ е мајката што го овозможи непркопсаното чедо, а Касами е таткото. Потпомогнат од Рама и од другите. Како морална поддршка, нели. „Чадорот“ само го овозможи генетскиот, изборен и платформен инженеринг. Мајката Зоран и таткото Билал?! Звучи грдо, но вистинито…
Иницијатива
Националните интереси да се заштитат со македонска платформа
Во услови кога голем дел од поддржувачите на опозицијата во Македонија постизборно се разбудија со реалноста од сеалбанската платформа подгреана од ветувањата на СДСМ, нешто што го сметаа само како политички маркетинг, кревањето на влогот од Зоран Заев за двојазичност и „швајцаризација“ на општините, наспроти сите предупредувања дека се работи за процес за федерализација на државата, покрената е иницијатива за подготвување сеопфатна македонска платформа на сите политички субјекти во Република Македонија за опстанок и развој на државата. Социјалистичката партија на Македонија повика на обединување на македонскиот народ и на другите народи што ја сакаат и почитуваат оваа држава да ја поддржат платформата, во која мора да се дефинираат сите црвени линии преку кои никој во земјата не смее и не може да премине.
Колумна, Горан Момироски
Широка коалиција за промена на името
Изјавите што во рок од неколку дена пристигнаа од различни странски центри и дипломатски претставници, на кои без никаков повод се надоврза грчкиот премиер Алексис Ципрас, повторно ги вратија старите приказни за координиран притисок врз Македонија за менување на името спротивно на интересите на македонскиот народ.
Иако постои теоретска можност изјавата на Ципрас да не е предизвикана од ништо, туку само да е дел од предизборната грчка политичка битка во која грчките лидери се натпреваруваат кој е порадикален во однос на Македонија, реално е дека повторно на маргините на меѓународните односи Брисел, Атина, Вашингтон и Берлин се обидуваат да најдат решение за билатералниот спор меѓу Македонија и Грција.
Опасноста е уште поголема затоа што се наоѓаме во ситуација кога Македонија нема влада, а македонските политички партии, особено ВМРО–ДПМНЕ, се наоѓаат во деликатна ситуација соочени со радикалните барања на албанските партии, на кои иако јавно се солидаризираат со македонските интереси, око нема да им трепне ако дојдат во ситуација да решаваат за менување на уставното име.
Колумна, Никола Србов
Југоисточна Европа беше препуштена на Сорос
Во ноември 2014 година, невладините организации како „Метаморфозис“, „Младински центар за европско образование“, „Младински образовен форум“ и други, сите под капата на фондацијата на Сорос, „Отворено општество“, ги почнаа студентските протести. Овие протести беа почеток на вештачки искреираната политичка криза во Македонија. Во 2014 година, непосредно пред изборите, „Метаморфозис“ од фондацијата „Отворено општество“ добила финансиски средства во висина од 11.640.042 денари, додека пред почетокот на протестите во оваа организација биле долеани 1.799.890 денари, „Младинскиот центар за европско образование“ во 2014 година добил 2.531.575 денари, а непосредно пред протестите биле долеани уште 782.775 денари, додека МОФ пред протестите добил 130.288 денари, но пред изборите во 2016 година им биле префрлени 4.166.788 денари. Вака добро исплатените „невладини“ организации, под плаштот дека се борат за студентски права, почнаа со кампања која требаше да генерира незадоволство кај младата популација во државата.
Колумна, Ацо Станковски
Соросов лет
Прикаската за Сорос (на унгарски – да летнеш) многу личи на фамозниот роман на Брем Стокер за Дракула (Носферату). Сетете се на монструозната моќ на грофот Влад Цепеш да се трансформира во лилјак и да одлета во непознат правец доколку ловците на вампири го опколат и ја доведат во опасност неговата егзистенција, со тоа што ќе го прободат со глогов колец во срцето, а потоа ќе му ја отсечат главата. На тој начин непријателите на грофот Дракула ќе го испратат тој зол дух таму од каде што дошол – во пеколот.
Така и кутриот Џорџ, опколен од неонацисти, расисти и мачоисти, е присилен повторно да полета (Сорос) и да пребегне во посигурни предели за него. Каде сега, по ѓаволите?
двоглед
Заев: Ѓорѓе Иванов? Не е претседател, тој е цар, одушевен сум од него и отсекогаш сум го сакал
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов му е најдобар другар, многу го почитува, нема поим кој е тој Стево Пендаровски и дека Македонија ниту имала, ниту ќе има претседател како Ѓорѓе.
Заев ова го изјави пред да влезе на состанок со претседателот и да го замоли да му даде мандат за да формира влада, иако СДСМ ги загуби изборите од ВМРО-ДПМНЕ освојувајќи и помалку гласови и помалку мандати.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.