| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке пристигна во Скопје, ги предводи првата ѕвезда на тимот Клас Јан Хунтелар

Германскиот бундеслигаш Шалке 04 допатува во Скопје, иако со редуциран состав без осум стандардни првотимци, сепак со атрактивен состав. Ги предводи првата ѕвезда во тимот и најдобар стрелец, Клас Јан Хунтелар, а против Вардар, вечерва од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ се очекува да настапат и бразилскиот интернационалец Мишел Бастос, романскиот напаѓач Сипријан Марица, Жоел Матип, Тракилјо Барнета, голманот Тимо Хилдебранд…  Вакви имиња дефинитивно гарантираат спектакл на вечерашниот ревијален пријателски натпревар.
 
 „Имавме прекрасен пречек. Му благодариме на раководството на Вардар. Дојдовме да одиграме пријателски меч со најдобриот македонски клуб Вардар. И покрај тоа што ова за нас е последен меч сезонава, сакаме да одиграме добор и да победиме. Шалке секогаш оди на победа“, изјави тренерот Јенс Келер.
Во посета на сегашниот кормилар на Шалке 04, му дојде нашиот поранешен репрезентативец Александар Васоски. Тие двајцата играа заедно во Ајнтрахт Фракфурт, и одлично се познаваат. Вечерва, почетниот удар на натпреварот ќе го изведе Драган Мутбариќ, некогашен голман и на Вардар и на Шалке 04.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top