Македонија го освои петнаесеттото место на Светското Првенство во Франција, обелодени попладнево Светската Ракометна Федерација (ИХФ). На официјалната веб-страница на мундијалот беше објавен официјалниот ранкинг од деветтата до шеснаесеттата позиција, при што Македонија дефинитивно ја освојува петнаесеттата позиција.
Рангирањето требаше да биде нешто поповолно со оглед на освоените пет бода во групната фаза, но ситуацијата се искомпликува откако Катар и Унгарија како четврти селекции во своите групи направија сензација во осминафиналето, па сега Германија и Данска се наоѓаат на деветтата, односно десетта репрезентација во светот. Зад Данска се наоѓаат Белорусија, Русија и Египет, па дури и Исланд, кој беше зад Македонија во групната фаза, а зад нашиот национален тим од осминафиналистите е единствено Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.