| четврток, 6 декември 2018 |

Бебињата треба да се думкаат

majka bebe novorodence

Новородените бебиња се како морнари кои после девет месеци поминати на море излегле на копно. Изненадното престанување на движењето може да ги излуди. Затоа лулањето на бебињата е еден од најчестите методи со кои родителите ги смируваат бебињата.

Лулањето на почеток мора да биде енергично за бебето да се смири, а потоа треба да биде нежно.

Бебето можете да го лулате на раце, во марама за носење на бебиња, во количка, лулка, можете да излезете на прошетка и да го возите во кола.

Цицањето е важно. Бебето кое почнало да се смирува се воведува во длабока и стабилна состојба на мир.

Цицањето го активира рефлексот за смирување и ослободува хормони кои го смируваат бебето. Бебето може да се смири со цицање на цуцла или шише, но најубаво е природно преку дојката на мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top