Македонија во моментов го игра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Франција против селекцијата на Исланд.
Натпревар кој има огромно значење за двете репрезентации бидејќи со евентуален триумф ќе го избегнат последното место во групата Б и со тоа ја избегнат фаворизираната репрезентација на домаќинот Франција во осминафиналето.
Во воведните четири минути благодарение на голманот и дебитант во репрезентацијата Колев, Македонија лесно поведе so 4-0, а Исланд не можеше да се снајде со нашата игра 7-6 во нападот. Сепак по првиот гол на Исланд дури во седмата минута следеше серија од 6 брзи гола и ја презеде иницијативата и го сврте резултатот во своја корист поведе со 5-4 и до крајот на полувремето ја контролираше разликата.
Селекторот Лино Червар во нападот инсистираше на формација седум на шест што го чинеше нашиот состав лесни примени голови.
Лесните загубени топки во нападот ја чинеше нашата репрезентација негатива од два гола по првите 30 минути од мечот (13-15).
Иако се чувствува заморот кај нашите репрезентативци по тешките натпревари кои претходеа на овој меч, во продолжение од мечот Кире и другарите се очекува да дадат се од себе и да дојдат до толку посакуваниот резултат.
Во нашиот состав повторно стандарден капитенот Кире Лазаров со пет погодици и одлично издание за голманот Колев со осум одбрани. Во репрезентацијата ја Исланд се истакна Карасон со истотака пет гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.