Шпанскиот тренер, Жорди Рибера ја пофали играта на Македонија, особено онаа во првиот дел, кога тотално ја надигравме шпанската репрезентација.
– Не изненади Македонија, одлично одигра 7 против 6 во нападот. Во првото полувреме беа многу брзи и опасни. Знаевме дека ќе биде тешко против репрезентација со толку голем потенцијал и квалитет. Победивме по малку на искуство, по малку од добрата одбрана – рече Рибера.
Брзоплетата игра во последните 15-ина минути не чинеа можеби изненадување, но играта против една голема екипа како Шпанија треба да не радува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.