Ова е некоја нова Македонија. По слабиот меч против Словенија во рамките од третото коло, македонската ракометна репрезентација игра како препородена во мечот кој може да има и тоа како клучно значење во пресрет на последното коло од групната фаза.
Македонија одлично ги игра првите 30 минути против двократниот светски шампион и еден од главните фаворити за тронот на овој мундијал. Без никаков респект кон ракометниот гигант по воведните неколку напади покажавме дека можеме и знаеме да играме ракомет.
Селекторот на Шпанија Рибера буквално е во шок бидејќи по највисокото водство за неговиот состав во 13 минута од три разлика (8-5) избраниците на Лино Червар не се предадоа и ја искористија шансата на празен гол на Шпанците набрзина го израмнија резултатот, а потоа со серија од 6-1 по кои реализиравме два двојни цепелина на Кире Лазаров со Манасков и веќе во следниот напад со Георгиевски стигнавме и до предност од три гола (14-11).
Тоа како да ги налути играчите на „црвената фурија“ заиграа понагажирано особено во нападот и до крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 14-14.
Во овој дел од мечот капитенот Лазаров постигна пет гола, а на спротивната страна најмногу се истакна голманот и согирач на Кире од Барселона Перез де Варгас со осум одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.