| четврток, 6 декември 2018 |

Ако не направите се што бараме, ќе ви го вратиме Стефан во делови – морничава порака на киднаперите на синот на Брена

боба

Киднаперите на осумгодишниот Стефан Живоиновиќ, син на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ се заканувале дека детето ќе го вратат на парчиња ако не им исплатат  2,5 милиони марки. Поранешниот шеф на Службата за државна безбедност Радомир Марковиќ веднаш ветил помош на Боба Живоиновиќ, но со прст не мрднал да се проднајдат киднаперите, пишува српски Курир.

Сведочењето на Миладин Сувајџиќ, познат како Ѓура Мутави, пред Специјалниот суд во Белград, го отворил прашањето на бруталните киднапирања. Едно од нив е киднапирањето на синот на пејачката Лепа Брена.

-Осумгодишното момче, малиот Стефан е грабнат на Бежаниска коса. Полицијата веќе со години се сомнева дека зад се стојат припадниците на озогласениот земунски клан, но за тоа никогаш немало доволно докази. Истрагата и денеска е отворена.

Киднаперите тогаш упатиле морничава порака на семејството Живоиновиќ: Ако не направите како што бараме Стефан ќе ви го вратиме на парчиња.

Стефан бил затворен осум дена во подрум, по што откако откупот за него е платен, тој е ослободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top