Светската ракометна федерација одличи во дерби дуелот од четвртото коло од Група Б меѓу Македонија и Шпанија да го суди литванскиот судиски пар Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика.
Од светската ракометна федерација не оставаат ништо на случајноста и тежината и знаењето на двете репрезентации го сфатија мошне сериозно. Затоа и еден од најискусните судиски парови ќе го суди овој натпревар.
Литванците веќе им судеа на нашите репрезентативци во рамките од второт коло против Ангола кога беспекорно си ја извршија задачата и нашата репрезентација победи.
Да се надеваме дека и во овој дуел ќе ни донесат среќа и против големиот фаворит ќе се избориме за поволен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.