| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа снежна бура – Македонија во портокалова фаза

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус еден до четири степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до нулата.

port

Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 см. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 см нов снег. Во четврток околу пладне почнувајќи од запад врнежите постепено ќе престануваат.

Во Скопската Котлина пообилни врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во ноќта кон четврток, а снежната покривка се очекува да се зголеми за околу 20 см.

Стабилизација на времето ќе има од петок.

Европската метео служба издаде предупредувачки аларм од портокалова фаза во поголемиот дел на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top