Репрезентативецот на Шпанија и играч на Вардар Алекс Дујшебаев, воочи мечот на шпанската и македонската репрезентација смета дека нема потреба од калкулации од нивниот табор.
Иако се сигурно квалификувани, а за првото место во групата ќе решава натпреварот со Словенија, сепак десниот бек на Вардар најавува дека и против Македонија, европскиот вицешампион ќе игра со максимум од силите и без калкулации.
– Ако ја победиме Македонија ќе бидеме први или втори. За нас е многу битен тој дуелот ни треба победа. Сигурно Македонија со Словенија не одигра добар меч, но тоа не значи дека нема добар тим. Мора да бидеме внимателни, затоа што Македонија има одлични ракометари. Одиме чекор по чекор, веќе мислиме на Македонија и следниот натпревар – изјави Дујшебаев.
Дуелот со Шпанија се игра утре во Мец со почеток од 20.45 часот, а претходно ќе го знаеме за нас многу важниот исход од натпреварот Исланд – Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.