| четврток, 6 декември 2018 |

Червар со најава за смена на голманската позиција, Митревски се враќа на голот?!

lino cervar

Македонија во ниту еден момент не беше со опција за позитивен резултат против Словенија, а на удар по натпреварот беа голманите и скромниот број на интервенции. Селекторот Лино Червар конкретно не се огласи околу можноста за промени на голманската позиција.

– Треба добро да размислиме во стручниот штаб дали треба да ги менуваме голманите. Мора да се истакне дека поголем дел од головите кои ни ги даде Словенија беа од линијата на шест метри или од чисти позиции на крила, што е рутина за селекција со така квалитетни инвидуалци. Нашите голмани требаше да имаат повеќе одбрани, но прво треба да се направи подетална анализа, а потоа ќе видам што ќе преземам – сметаше Лино Червар по натпреварот.

Словенечкиот голман Матевж Скок беше прво име на средбата и собра скоро тројно повеќе одбрани од нашите чувари на мрежата Трајковски и Колев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top