| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогришки: Поразот е само наш, игравме меко во одбраната

drogriski

Македонската ракометна селекција го забележа првиот пораз на Светското првенство откако во рамки на 3. коло во групат Б подобра од избраниците на Лино Червар беше селекцијата на Словенија. Шанса на денешниот меч да заигра доби Стефан Дрогришки кој добро ја искористи укажаната прилика и на два наврати од три обиди се запиша во листата на стрелците.

– Словенија денес едноставно беше подобар противник од нас, меѓутоа за овој пораз вината мора да си ја бараме во сами нас. Игравме доста меко во одбраната и немаше борбеност, промашувавме чисти и отворени шутеви и го разбранувавме нивниот голман. Во таква ситација против една селекција како што е Словенија нема што да бараме -изјави Дрогришки

Следниот предизвик за Македонија е дуелот од 4. коло в среда кога наш противник е селекцијата на Шпанијаа дуелот започнува од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top