Третиот натпревар на Светското првенство за Македоската ракометна репрезентација започна лошо бидејќи по првите 30 минути „црвено-жолтите“ имаа голема негатива од шест голови разлика (16-10).
Натпреварот почна со цврста игра во одбраната за двете репрезентации од која побрзо се снајдоа словенечките ракометари мотивирани од неколкуте одбрани на голманот Скок кој успеа да фати дури осум удари од чисти позиции.
Капитенот Лазаров сеуште неможе да ја најде против играта на цврстата 6-0 одбрана и се обидува да реализира од неизградени прилики за гол.
На самиот почеток од играта грубата игра на избраниците на Веселин Вујовиќ на своја кожа ја почуствуваа Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски кои примија тешки удари по кои мораше да интервернира и лекарската екипа. Миркуловски не успеа брзо да се рехабилитира и повеќе не е во игра. Да се надевеме дека повредата на половината не е од посериозен карактер бидејќи е повеќе од потребен во нашата репрезентација во продолжение од мундијалот.
Словенија разликата успеа да ја направи по брзи реализации откако во неколку наврати селекторот Червар се обиде да одигра со седум играчи во поле во нападот, за сметка на празниот гол.
Тоа не чинеше три гола во серија по кои Словенците повторно поставуваа гранитна одбрана.
Во второто полувреме ако сакаме да дојдеме до изненадување ќе треба да ја забрзаме играта во нападот и со неколку лесни реализации да дојдеме до серија на голови и со тоа да ја намалиме разликата.
Капитенот Лазаров е најефикасен со четири гола, од кои три од пенал, а кај притивниците се истакна крилото Маргуч истотака со четири погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.