Петгодишнното девојче Софија Скот од шкотски Глазгов е најмладата личност која боледува од детски облик на Алцхајмерова болест.
Софија има Санфилипов синдром, ретка генетска и терминална состојба поради која ќе загуби памтење, а нејзиното тело и ум „пропаѓаат“. Таа е единственото дете во Шкотска која боледува од оваа болест.
Родителите Дарен и Аманда се обидуваат да пронајдат лек и се трудат да го забележат секој момент со својата ќерка. И покрај тоа што таа се наоѓа во таква состојба, таа е енергично девојче кое има заразна насмевка и сака, како и сите други деца да вози скутер, да танцува, да си игра со куклите.
Почнала да скија кога имала само 23 месеци, а има и многу хоби. Но, за жал, ова се исчезне бидејќи оваа болест го гаси телото и мозокот. Лекарите се плашат дека таа никогаш нема да ги доживее тинејџерските години.
Од оваа болест заболува едно на 100 илјади лица.
– Пред Софија, не знаевме дека постои оваа дијагноза. Многу малку се знае за болеста и моравме да се едуцираме за да може да и помогнеме – изјави татко и.
Детскиот облик на Алцхајмер на Софија и бил дијагностициран кога имала две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.