| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Словенија е фаворит, имаат одлична креативна бековска линија

lino cervar

Денешниот натпревар од третото коло во Б групата на Светското првенство помеѓу Македонија и Словенија скоро сите го најавуваат како дуел на Червар против Вујовиќ. Мечот се очекува да биде соочување блиско до карактерите на двата стручњаци, иако покажаа респект еден кон друг. Червар ја анализираше Словенија со јасно предавање на фаворитската улога.

– Словенија е фаворит денеска, мора да бидеме реални, колку тоа да не ни се допаѓа. Нивна силна страна се техничко-тактичката писменост на нивните средни играчи. Ги нема Зорман, Бомбач и Скубе, но тука се Безјак и Зарабец, кои се одлично технички потковани. Ако играме поцврсто во одбраната, тие не би имале многу простор. Ако правиме многу технички грешки, тие ќе не казнат, бидејќи имаат контра меѓу најдобрите во Европа. Забележав дека Словенците имаат ниска екипа, не се физички корпулентни и не ме импресионираат на физички план, колку што се добри и ме одушевија во креацијата и брзина – смета нашиот селектор.

Македонија се очекува да има голем поддршка и околу 300-400 гледачи кои ќе ја наполнат арената во Мец за време на денешниот дуел од 17.45 часот. Последниот официјален натпревар против Словенија ни донесе пораз во Катар во осминафиналето на Светското првенство, кога Словенија 60 минути водеше и заслужено се радуваше на триумф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top