Македонската ракометна селекција стигна и до втората победа во вториот меч од Б групата во рамки од Светското првенствот откако вечерва во Мец на убедлив начин е совладана селекцијата на Ангола. По мечот со првична импресија излезе и нашиот селектор Лино Червар кој истакна дека е задоволен.
– Малку опуштено влеговме во мечот, а јас ги предупредив моите ракометари дека секој меч е тежок бидејќи ова е Светско првенство. Промашивме некои зицери и направивме грешки, па влезе некоја нервоза. Сепак на крај е битно што победивме бидејќи бодовите се памтат и сметат, а не играта. Задоволен сум, четири бода по два дуели. Сега е многу полесно да се дише кога знаеме дека имаме максимален број на бодови. Одиме понатаму, никогаш не смееме да се предадеме и одиме на победа во следниот меч. Македонското срце мора да победи на еден од следните три натпревари. Некој од фаворитите сигурно ќе падне, само не знаеме кој ќе биде тој – изјави Червар.
Утре на нашите ракометари и предстои слободен ден кој ќе и послужи за одмор и подготовка за она што и следи во понеделник,а тоа е мечот против Словенија од 17.45 часот во рамки од 3. коло
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.