| четврток, 6 декември 2018 |

Втора победа за нашите ракометари, целта е исполнета и сега сме на чекор до осминафиналето

Втор натпревар и втора победа на Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција. По деби победата над стариот должник Тунис, денеска во вечерниот термин од 20.45 „црвено-жолтите“ се чини со половина сили ја совлада репрезентацијата која е аутсајдер во нашата група Ангола со ??-??.

Почетокот на натпреварот не ветуваше ваква разлика на крајот од мечот бидејќи Ангола беше рамнпправен противник се до 20 минута од мечот кога резултатот беше 9-9. По почетната целосна иницијатива на нашите ракометари кога создадовме неколку шанси од полуконтри и водството од 4-1 кое можеше да биде и поголемо да не беше расположениот Муачисенге кој фати неколку топки, Анголците со цврста одбрана во продолжението заиграа ангажирано и во нападот и со серија на 4 гола стигнаа до израмнување (5-5).

makedonija rakomet 1

Тоа го натера селекторот Лино Червар да повика тајм-аут да ги смири своите избраници и да направи нова тактика со седум играчи во поле во нападот. По оваа смена имаше повеќе простор за капитенот Кире Лазаров кој умешно ги проигруваше крилните играчи Георгиевски и Ојлевски кои реализираа за убедливо водство ов 14-9 на полувремето.

Вториот дел почна со неколку грешки на нашите играчи кои брзоплето реагираа во нападот, загубија неколку топки, а бидејќи во тој момент игравме без голман, противницте го искористија и реализираа лесни голови за намалување на разликата (14-12).

Сепак искуството и квалитетот беа пресудни во продолжението од мечот, капитенот Лазаров уште еднаш покажа зошто е најдобар десен бек во светот и со 100 процентна реализација од седум метри направи недостижна предност уште кон средината на вториот дел.

makedonija rakomet

Тоа му овозможи на Лино Червар полека да ги внесува во игра и резервистите кои се покажаа во одлично светло, ја искористија шансата и се запишаа во листата на стрелци. Филип Лазаров во овој период од играта постигна три гола, а шансата и своите минути ги искористи и десниот бек Поповски и додаде уште два. Интересно е што во листата на стрелци на два наврати се запиша и голманот Благојче Трајковски кој успеа да погоди од гол на гол.

Кире Лазаров беше најдобар стрелец со 10 голови, а одличен натпревар одигра и Гоце Георгиевски кој реализира пет и беше прогласен за играч на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top