Нашата најдобра ракометна селекција со победа стартуваше на Светското првенство во Франција. Момците на Червар во арената во Мец по една вистинска ракометна драма ја совладаа репрезентацијата на Тунис со 34-30, а можеби еден од клучните ракометари за овој успех беше голманот на Охрид, Благојче Трајковски кој во последните 10 минути од мечот успеа да фати неколку тешки и клучни топки упатени кон неговиот гол.
– Секоја реченица на Червар за нас новајлиите е благодет. Секогаш нè храбри, неговите зборови многу ни значат. Имавме притисок, но како мечот се одвиваше ние бевме подобри и подобри. Имаме два дена да ја проучиме Ангола и да извојуваме нова победа – изјави Трајковски.
Следен противник на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Ангола, која денес забележа убедлив пораз од Словенија (25-42), меч кој ќе се одигра в сабота со почеток од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.