Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на 25. Светското првенство што се одржува во Франција. Избраниците на селекторот Лино Червар за противник ќе го имаат Тунис.
Дуелот почнува во 17.45 часот во Мец, каде што се одржуваат сите натпревари од групата Б .
На другите две средби од 1. коло во оваа група се среќаваат:
Словенија – Ангола (14 часот) и Шпанија – Исланд (20:45 часот).
Покрај натпревари од групата Б, денеска во Нант ќе се одиграат и останатите два дуела од групата А. Двојките се: Русија – Јапонија (17:45 часот) и Полска – Норвешка (20:45 часот).
На првиот меч од оваа група, со кој беше отворен мундијалот, синоќа во Нант, домаќинот Франција го победи Бразил со 31:16.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.