| четврток, 6 декември 2018 |

Попис за враќање во реалноста

Што би открил по­пис во Ма­ке­до­ни­ја е пра­ша­ње што сè по­че­сто се по­ста­ву­ва по пла­тфор­ма­та на За­ев и на ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, а по­тоа се на­до­вр­за и „се­ал­бан­ска­та“ дек­ла­ра­ци­ја­та пот­пи­ша­на во Ти­ра­на. Тие го откри­ва­ат и ви­стин­ски­от мо­тив зо­што ор­ке­стри­ра­ни­те Со­ро­со­ви здру­же­ни­ја во 2015 го­ди­на скок­наа про­тив тоа да се спро­ве­де по­пис во др­жа­ва­та, под из­го­вор де­ка че­ка­ат вла­да „што ќе из­гра­ди по­ли­тич­ка вол­ја за пре­бро­ју­ва­ње“. Из­бор­ни­от ин­же­не­ринг не го да­де оче­ку­ва­ни­от ре­зул­тат за та­ква „вла­да“, иа­ко ме­ста­та што при чи­сте­ње­то на Из­би­рач­ки­от спи­сок по­ка­жаа 90.000 ал­бан­ски гла­са­чи по­мал­ку, се­га се ба­сти­о­ни на ма­ке­дон­ска­та со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та

Тоа што Зо­ран За­ев и СДСМ не ус­пе­а­ја да го ис­по­ра­ча­ат со из­бор­ни­от ин­же­не­ринг во за­ме­на за власт, се­га се пре­фр­лу­ва на ме­ѓу­ет­нич­ки план. Од­нос­но, по­втор­но се вра­ќа­ат во игра ус­ло­ву­ва­ња­та за ис­пол­ну­ва­ње „пра­ва“, кои, спо­ред ис­по­ра­ча­ни­те ба­ра­ња од Ти­ра­на, за се­кое ид­но ко­а­ли­ци­ра­ње тре­ба да го за­не­ма­рат Рам­ков­ни­от до­го­вор по­ра­ди кој Ма­ке­до­ни­ја се пре­крои и устав­но и те­ри­то­ри­јал­но.

На ли­де­ри­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја од 2001 го­ди­на до­се­га „ал­фа и оме­га“ им бе­ше Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор и не­го­вото ис­пол­ну­ва­ње. Се­га при­о­ри­те­ти­те се про­ме­не­ти со ба­ра­ња ал­бан­ски­от на­род и ал­бан­ски­от ја­зик да се изед­на­чат во Уста­вот во за­ме­на за рам­ков­ни­те про­цен­ти. Ва­кви­от пре­сврт се слу­чу­ва во време кога се оче­ку­ва ид­на вла­де­јач­ка ко­а­ли­ци­ја, без при­тоа да се да­де ка­кво би­ло образ­ло­же­ние и ос­но­ва врз што се те­ме­лат тие ба­ра­ња. Та­ква ос­но­ва, во нај­ма­ла ра­ка, би тре­ба­ло да да­де еден по­пис.

– Без нов по­пис на на­се­ле­ни­е­то, не мо­же да се ба­ра­ат пра­ва што за­ви­сат од ста­ти­сти­ка­та. Оче­ку­вам но­ва­та вла­да што по­ско­ро да спро­ве­де по­пис за да ви­ди­ме кол­ку сме, да ви­ди­ме да­ли ре­ал­но­ста на те­ре­нот со­од­вет­ству­ва со твр­де­ња­та на не­кои по­ли­ти­ча­ри – по­ра­ча пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ѓор­ге Ива­нов во го­диш­но­то обра­ќа­ње, во кое наг­ла­си де­ка со Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор би­ла отво­ре­на вра­та­та за пра­вич­на за­ста­пе­ност на гра­ѓа­ни­те од си­те за­ед­ни­ци, а не са­мо од ед­на.

– Слу­шам де­ка се ба­ра дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Тоа пра­ша­ње е за­тво­ре­но со аманд­ма­нот 5 од Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, кој про­из­ле­зе од Охрид­ски­от до­го­вор, ка­де што се ре­гу­ли­ра пра­ша­ње­то за служ­бе­ни­от ја­зик во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Служ­бе­на­та упо­тре­ба на кој би­ло ја­зик во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја за­ви­си од ста­ти­сти­ка­та, а единс­твен на­чин за до­би­ва­ње ре­ал­на ста­ти­сти­ка е по­пи­сот – истак­на Ива­нов.

akt227-ustav-na-rm-ramkoven-2

Пописот испливува на површина

Не мо­же да се из­бег­не фа­ктот де­ка Ма­ке­до­ни­ја за „мир во ку­ќа“ не го за­вр­ши по­пи­шу­ва­ње­то во 2011 го­ди­на. То­гаш бе­ше по­со­че­но де­ка е спре­чен обид да се на­пра­ви го­лем фал­си­фи­кат. По­пи­сот го спре­чи­ја „раз­ли­ки­те во тол­ку­ва­ње­то на за­ко­нот“, од­нос­но да­ли ќе би­дат по­пи­ша­ни ка­ко при­сут­ни и тие што це­ла го­ди­на се исе­ле­ни од др­жа­ва­та и да­ли да би­дат при­фа­те­ни ка­ко ва­лид­ни фо­то­ко­пии од лич­ни до­ку­мен­ти. Се­кое спо­ме­ну­ва­ње на по­пи­сот от­то­гаш се гле­да­ше ка­ко ма­ша за рас­па­лу­ва­ње на ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си. Иа­ко од­ло­жен, по­пи­сот не е спро­ве­ден до­се­га. Ба­рем не во фор­ма што до­се­га бе­ше поз­на­та во зем­ја­та.

При чи­сте­ње­то на из­би­рач­ки­от спи­сок бе­ше ко­ри­стен ме­тод на вкр­сту­ва­ње на ба­за­та на по­да­то­ци од МВР, со по­да­то­ци­те од дру­ги де­сет ин­сти­ту­ции. И тој ме­тод бе­ше пред­ло­жен, при­фа­тен и спро­ве­ден од до­маш­ни и од ме­ѓу­на­род­ни струч­ња­ци. Но, уште при пр­ва­та про­вер­ка на по­вр­ши­на из­ле­гоа 100.000 пол­но­лет­ни гра­ѓа­ни што по­сто­јат во ба­за­та на МВР, а пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни ги не­ма во ни­ед­на дру­га ба­за на по­да­то­ци. За нив има ва­лид­ни адре­си, но ги не­ма на спи­со­кот на не­вра­бо­те­ни, не­ма­ат свој имот, не се при­ја­ве­ни во ФЗОМ или во пен­зи­ски­от фонд. Се ра­бо­те­ше за исе­ле­ни пол­но­лет­ни гла­са­чи, од нив, не­о­фи­ци­јал­но, 90.000 би­ле ет­нич­ки Ал­бан­ци од Го­сти­вар, Стру­га, Те­то­во, Ку­ма­но­во, Те­ар­це, Врап­чи­ште, Ча­ир, Бо­го­ви­ње, Лип­ко­во, Же­ли­но. За нив по­тоа не се доз­на ни­што, освен де­ка до­бар дел од овие сре­ди­ни се­га се глав­ни упо­ри­шта на ма­ке­дон­ска­та со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја.

Иа­ко по­пи­сот бе­ше ре­зерв­на те­ма на опо­зи­ци­ја­та во оби­дот да го не­ги­ра гла­сач­ко­то те­ло на ВМРО-ДПМНЕ, ко­га кон сре­ди­на­та на 2015 го­ди­на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски од Со­бра­ни­е­то по­со­чи де­ка др­жа­ва­та се под­го­тву­ва за со­вре­мен, еле­ктрон­ски по­пис – слич­но ка­ко што се­га тоа го на­пра­ви ДИК – на­и­де на остро ор­ке­стри­ра­но спро­тив­ста­ву­ва­ње ток­му од ар­ми­ја­та ор­га­ни­за­ции што се под­др­жу­ва­чи на СДСМ. То­гаш ор­га­ни­за­ци­и­те фи­нан­си­ра­ни од Со­рос за­ста­наа со став де­ка „вла­да­та на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не­ма ни­ка­ков кре­ди­би­ли­тет да под­го­тви и да спро­ве­де ка­ков би­ло по­пис на на­се­ле­ни­е­то“, од­нос­но де­ка „тоа мо­ра да би­де на­пра­ве­но од вла­да што ќе би­де из­бра­на на де­мо­крат­ски и фер из­бо­ри и ко­ја ќе из­гра­ди по­ли­тич­ка вол­ја за пре­бро­ју­ва­ње на на­се­ле­ни­е­то спо­ред си­те ме­ѓу­на­род­ни стан­дар­ди и про­пи­си“. Ва­кви­от став де­нес, по пла­тфор­ма­та на СДСМ за вре­ме на из­бо­ри­те и до­ку­мен­тот од Ти­ра­на, ја по­ка­жу­ва­ат ви­стин­ска­та иде­ја за таа „де­мо­крат­ска вла­да“ и „по­ли­тич­ка вол­ја за пре­бро­ју­ва­ње“. Всуш­ност, се­га За­ев, во за­ме­на за ал­бан­ски­те гла­со­ви, тре­ба­ше да пре­ми­не „пре­ку по­пи­сот“, од­нос­но да за­не­ма­ри евен­ту­ал­ни по­пис­ни­ ре­зул­та­ти и да пре­ми­не пре­ку про­цен­ти­те, та­ка ка­ко што на­пра­ви СДСМ со те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба ко­га ги пре­да­де Ки­че­во и Стру­га.

rama-alb-lideri-1

Ќе се споменат ли некогаш обврските?

По­пи­сот, оче­ку­ва­но, из­ле­гу­ва на по­вр­ши­на, а се на­се­ту­ва­ше уште ко­га За­ев поч­на да ве­ту­ва ал­бан­ски ја­зик во При­леп, што до­стиг­на до кан­тон­ско уре­ду­ва­ње на др­жа­ва­та, со пре­пу­шта­ње на во­де­ње­то ма­тич­на еви­ден­ци­ја на оп­шти­ни­те, дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја. Спо­ред тоа, пар­ти­и­те на Ал­бан­ци­те од зем­ја­ва пот­пи­шаа дек­ла­ра­ци­ја што им ја со­ста­ви ал­бан­ски­от пре­ми­ер Еди Ра­ма во ко­ја, ток­му ка­ко што ве­ту­ва­ше За­ев, се оди „пре­ку рам­ка­та“ прет­ста­ве­на со про­цен­ти. Со до­ку­мен­тот Ра­ма нав­ле­гу­ва и во це­лос­но­то уре­ду­ва­ње на со­сед­на­та др­жа­ва, во устав­ни­те ка­те­го­рии, во рас­пре­дел­ба­та на бу­џе­тот, во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на прав­ни­от си­стем, ја­зи­кот…

Иа­ко ова не е пр­во ме­ша­ње на Ра­ма во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја, се отво­ра­ат две пра­ша­ња. Пр­во, зо­што Ра­ма не сед­на со кој би­ло ле­ги­ти­мен прет­став­ник, функ­ци­о­нер од Ма­ке­до­ни­ја, со ко­го би раз­го­ва­рал за по­до­бру­ва­ње на пра­ва­та пре­ку со­ра­бо­тка, па да се раз­го­ва­ра и за пра­ва­та на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја. Вто­ро, не смее да се иск­лу­чи фа­ктот де­ка Ра­ма тоа го пра­ви се­га, во овој прав­но-по­ли­тич­ки ва­ку­ум во Ма­ке­до­ни­ја, а вед­наш по не­го­ва­та сред­ба со ди­ре­кто­рот на ЦИА во Ти­ра­на. „Зар некој е наивен да верува дека Рама несвесно влегува во игра во која ќе биде обвинет за ширење на големоалбанската идеја и вмешување во внатрешната политика на соседна земја? Или дека Рама внимава да остане сокриен вистинскиот налогодавач, особено откако писмата на Сорос до Клинтон откриваат дека Рама во 2011 ја играл истата игра што сега се одвива во Македонија?“ Но, и да­ли ва­кви­те ба­ра­ња се­га зна­чат приз­на­ние од ал­бан­ски­те фа­кто­ри и од нив­ни­те под­др­жу­ва­чи де­ка во ид­ни­на не­ма да мо­же да се по­вто­ри го­ле­ма­та си­мул­тан­ка оди­гра­на на те­рен со ал­бан­ски­те гла­со­ви по­де­ле­ни за СДСМ, до­де­ка ВМРО-ДПМНЕ оста­на со сво­е­то ста­бил­но гла­сач­ко­то те­ло, а при­тоа во зем­ја­та е нај­а­вен по­пис уште од 2015 го­ди­на?

rama-alb-lideri-2

Се­пак, пра­ша­ње­то што отво­ра и нај­го­лем комп­лекс пот­пра­ша­ња е да­ли не­кој по­ли­ти­чар од пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја, до­ма или на не­ко­ја сред­ба со Ра­ма, ќе ги спо­ме­не кор­пу­сот об­вр­ски што про­из­ле­гу­ва­ат од уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та, кои ка­ко на ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни се на­о­ѓа­ат пред нив. Од нај­про­сто, за­бра­на­та за пу­ше­ње во јав­ни об­је­кти, пре­ку фи­ска­ли­за­ци­ја­та, до упо­тре­ба­та на зна­ме­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ни­ту ед­на од по­ли­тич­ки­те пар­тии на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја, освен СДСМ, го не­ма­ше истак­на­то зна­ме­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја за вре­ме на кам­па­ња­та. Ќе приз­нае ли „ал­бан­ски­от фа­ктор“ де­ка ка­ко пос­ле­ди­ца на Рам­ков­ни­от до­го­вор, Ма­ке­до­ни­ја се пре­тво­ри во др­жа­ва со па­ра­лел­но ин­сти­ту­ци­о­нал­но оп­штес­тво во кое по­де­ле­но­ста е сè по­наг­ла­се­на, де­ка со дво­ја­зич­но­ста Ал­бан­ци­те ја на­пу­шти­ја во це­лост упо­тре­ба­та на ма­ке­дон­ски­от ја­зик, де­ка функ­ци­о­ни­ра­ат ме­ди­у­ми со по­и­на­ков фо­кус на др­жав­ни­те проб­ле­ми и де­ка со поч­на­ти­от про­цес на пре­и­ме­ну­ва­ња на ин­сти­ту­ции, ка­ко на при­мер фуд­бал­ска­та аре­на „Фи­лип Вто­ри“, се­кое на­та­мош­но отво­ра­ње на ба­ра­ња­та не на­и­ду­ва на одо­бру­ва­ње и на раз­би­ра­ње од Ма­ке­дон­ци­те. Нај­мал­ку што оче­ку­ва­ат Ма­ке­дон­ци­те од прет­став­ни­ци­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја е пла­тфор­ма за гра­де­ње ме­ѓу­ет­нич­ка до­вер­ба, ме­сто пла­тфор­ма на си­ла и на ус­ло­ву­ва­ње за до­пол­ни­тел­ни функ­ции и по­дел­би.

По­пи­сот ни­ту е по­ли­тич­ко ре­ше­ние, ни­ту е по­ли­тич­ки проб­лем; тоа е ед­на ста­ти­стич­ка опе­ра­ци­ја што, пред сè, слу­жи за пла­ни­ра­ње еко­ном­ски за­фа­ти. Но, од по­ли­тич­ки ас­пект, отво­ра­ње­то на пра­ша­ње­то за по­пи­сот по из­бо­ри­те, кои тре­ба­ше да би­дат по­че­ток на из­лез од по­ли­тич­ка­та кри­за, са­мо би ги по­ста­ви­ло ра­бо­ти­те на свое ме­сто. Пред сè, ка­ко пр­ви­чен израз на ме­ѓу­ет­нич­ка до­вер­ба од пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја и на­та­мош­но пла­ни­ра­ње на раз­во­јот на ви­стин­ско оп­штес­тво­то без при­ти­сок на прет­по­ста­ве­ни про­цен­ти, кои до­се­га по­сто­ја­но беа цел на зло­у­по­тре­би.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 227. број на неделникот „Република“, 6.1.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top