| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:

naslovna_republika-br227_520px

Божикно послание на владиката Петар
Само со внатрешна преродба ќе го најдеме патот до мирот
Де­неш­ни­от чо­век ста­на мли­тав, ин­фан­ти­лен. Не­го­во­то ср­це е ска­ме­не­то, а гла­ва­та вже­ште­на. Нас­про­ти не­го е бо­го­бо­јаз­ли­ви­от чо­век, кој се­ко­гаш има(л) же­шко ср­це и сту­де­на гла­ва. Со­вре­ме­ни­от чо­век ста­ну­ва еден вид ци­ви­лен роб, кој лес­но се пре­о­бра­ќа во див­јак штом ќе се до­фа­ти до се­којд­нев­ни­те играч­ки: коц­ка­ње­то, об­ло­жу­вал­ни­ци­те, на­ви­ва­ње­то, си­те ви­до­ви „за­бав­на ин­ду­стри­ја“ – бес­по­лез­ни­те се­рии, не­мо­рал­ни­те фил­мо­ви, па по­ле­ка поч­ну­ва да се са­мо­за­до­во­лу­ва чув­стве­но и ин­те­ле­кту­ал­но, а се­то тоа ја зго­ле­му­ва не­го­ва­та де­зо­ри­ен­ти­ра­ност и фру­стри­ра­ност. Па та­ка, на­о­ѓај­ќи се во ед­на та­ква ур­ба­на пу­сти­на, на­ре­че­на од све­ти от­ци „до­ли­на на пла­чот“, тој по­ле­ка за­па­ѓа во уни­ние – без­во­лен жи­вот, и по­тоа па­ѓа во оча­ја­ние, од­нос­но до­бро­вол­но му ја пре­да­ва ду­ша­та сво­ја на ѓа­во­лот и ста­ну­ва це­лос­но не­гов роб.

Интервју: Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓанскиот сектор не смее да остане монопол на Сорос
Пог­лед­не­те ги, на при­мер, еле­ктрон­ски­те по­ра­ки што Со­рос ги ис­пра­тил, а беа об­ја­ве­ни на „Ви­ки­ликс“, и сѐ ќе ви ста­не по­јас­но. Чо­ве­кот да­ва јас­ни ин­струк­ции што тре­ба да се пра­ви и тие му по­ми­ну­ва­ат без де­ба­та или про­вер­ка.
Од дру­ги об­ја­ве­ни е-по­ра­ки се гле­да де­ка ко­га са­ка вле­гу­ва кај ви­со­ки функ­ци­о­не­ри во Аме­ри­ка, до­го­ва­ра сред­би од де­нес за утре и има су­штин­ско вли­ја­ние. Ако има та­ков ле­сен при­стап во нај­моќ­на­та зем­ја на све­тот, то­гаш ка­ков ли му е при­ста­пот кај дру­ги­те, по­ма­ли од Аме­ри­ка?
Не­го­ва­та фон­да­ци­ја и спо­ред фи­нан­си­ски и спо­ред ка­дров­ски по­тен­ци­јал е нај­моќ­на­та фон­да­ци­ја во све­тот што има по­ли­тич­ки це­ли. Со­рос ре­шил сво­е­то бо­гат­ство да го упо­тре­би за да ос­тва­ру­ва вли­ја­ние во две на­со­ки – иде­о­ло­шко кон соз­да­ва­ње т.н. отво­ре­ни оп­штес­тва и фи­нан­си­ско пре­ку шпе­ку­ла­ции и од­на­пред поз­на­ти по­ли­тич­ки ис­хо­ди во одре­де­ни зем­ји за да про­фи­ти­ра на бер­за.
По не­кое вре­ме, це­ли ин­сти­ту­ции, це­ли ми­ни­стерс­тва, мо­же­би, и це­ли вла­ди и нив­ни раз­уз­на­вач­ки аген­ции се ин­фи­ци­ра­ни со не­го­ви­те гле­ди­шта, со не­го­ва­та иде­о­ло­ги­ја, со не­го­ви­от пог­лед и це­ли. До­пол­ни­тел­но, и са­ми­те тие си на­о­ѓа­ат не­кој до­пол­ни­те­лен ин­те­рес од та­кво­то дејс­тву­ва­ње и те­ра­ат со си­те си­ли, а ние ту­ка раз­го­ва­ра­ме за За­ев или за СДСМ… Ка­ков За­ев, ка­кви ба­кра­чи…

Преку вистината до единство
Само каузата може да ги обедини Македонците
Ако го­ди­на­та што ја оста­вив­ме зад нас мо­же да ја опи­ше­ме ка­ко „го­ди­на на по­тра­га по ре­ше­ние на кри­за­та“, то­гаш оваа 2017 го­ди­на тре­ба и мо­ра да би­де „го­ди­на на откри­ва­ње на ви­сти­на­та“ во вр­ска со се­то тоа што ѝ се слу­чи/ува на Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни. Јав­но­то раз­го­лу­ва­ње на си­те учес­ни­ци во цр­ни­те сце­на­ри­ја за рас­пад на др­жа­ва­та, нив­ни­те це­ли и средс­тва­та ко­ри­сте­ни за ре­а­ли­за­ци­ја на на­ме­ри­те е по­ве­ќе од по­треб­но од по­ве­ќе при­чи­ни, но, пред сè, за да не доз­во­ли­ме ве­ќе ни­ко­гаш да ни се по­вто­ри гре­шка­та што ја на­пра­вив­ме и во 2001 го­ди­на – грст пре­дав­ни­ци да нè втур­нат во кр­ва­ва гра­ѓан­ска вој­на, но и да ни го до­ве­дат во пра­ша­ње ве­ков­ни­от сон за сопс­тве­на др­жа­ва. По­ра­ди на­ив­ност и не­ре­ши­тел­ност да се пре­зе­мат хра­бри че­ко­ри, на два­па­ти за са­мо пет­на­е­сет го­ди­ни се до­ве­дов­ме во опас­ност да ис­чез­не­ме и ка­ко др­жа­ва и ка­ко на­род и на­ци­ја.

СДСМ мант­ра: ко­га вла­ста ги оп­рав­ду­ва средс­тва­та (на Џорџ)
За­ев глав­на ми­ру­ди­ја во бал­кан­ски­от ко­тел на Со­рос
Со­ро­со­во­то оп­штес­тво со пра­во го но­си име­то „отво­ре­но“. Та­му вра­ти­те се ши­рум отво­ре­ни за си­те бил­ме­зи и не­до­вет­ни че­да кои во ос­тва­ру­ва­ње­то на лич­ни­те ни­ско­зем­ни ам­би­ции не из­би­ра­ат средс­тва, а не­ма­ње­то скру­пу­ли е доб­лест. Ос­но­вен пре­дус­лов е не­из­мер­на­та по­чит и љу­бов кон па­ри­те. Во Ма­ке­до­ни­ја ју­риш­ни­ци­те му се по­го­ди­ја, мо­же и да ги па­тен­ти­ра ка­ко ур­нек за со­вр­ше­ни со­ро­со­и­ди. И во САД зна­ат што се пра­ви во Ма­ке­до­ни­ја. „Нешнл рив­ју“ на­пи­ша: „Аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пре­ку УСА­ИД, ѝ да­ва­ат па­ри на ло­кал­на­та фон­да­ци­ја на Со­рос. Ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци ве­лат де­ка со тоа САД пра­ктич­но од­бра­ле стра­на во по­ли­тич­ка­та по­дел­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Да, не­кој од­брал стра­на оти друг са­ка да вла­дее и да­ва сѐ за цел­та. Екс­пер­ти­те ве­лат де­ка Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си, со што ѝ на­не­су­ва исто­ри­ска ште­та не са­мо на др­жа­ва­та ту­ку и на сво­ја­та пар­ти­ја. Но, тој не­ма проб­лем со тоа. За­се­га…

Бараат права, а бегаат од пребројување
Попис за враќање во реалноста
Што би открил по­пис во Ма­ке­до­ни­ја е пра­ша­ње што сè по­че­сто се по­ста­ву­ва по пла­тфор­ма­та на За­ев и на ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, а по­тоа се на­до­вр­за и „се­ал­бан­ска­та“ дек­ла­ра­ци­ја­та пот­пи­ша­на во Ти­ра­на. Тие го откри­ва­ат и ви­стин­ски­от мо­тив зо­што ор­ке­стри­ра­ни­те Со­ро­со­ви здру­же­ни­ја во 2015 го­ди­на скок­наа про­тив тоа да се спро­ве­де по­пис во др­жа­ва­та, под из­го­вор де­ка че­ка­ат вла­да „што ќе из­гра­ди по­ли­тич­ка вол­ја за пре­бро­ју­ва­ње“. Из­бор­ни­от ин­же­не­ринг не го да­де оче­ку­ва­ни­от ре­зул­тат за та­ква „вла­да“, иа­ко ме­ста­та што при чи­сте­ње­то на Из­би­рач­ки­от спи­сок по­ка­жаа 90.000 ал­бан­ски гла­са­чи по­мал­ку, се­га се ба­сти­о­ни на ма­ке­дон­ска­та со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та.

Колумна, Горан Момироски
Го­ле­ма­та зло­ба на Ма­ли­от Сло­ба
Не по­ми­на ни ед­на не­де­ла од „Из­лож­ба­та на ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки ли­де­ри од Ма­ке­до­ни­ја во Ти­ра­на“ ор­га­ни­зи­ра­на од сли­ка­рот и пре­ми­ер Еди Ра­ма, а Бал­ка­нот зо­вре. Фер­мен­ти­ра­ни­те на­ци­о­на­ли­стич­ки ду­хо­ви што ЕУ и САД ги др­жат за­тво­ре­ни во ши­ше из­ле­гоа по­втор­но на ви­де­ли­на. Иа­ко без никаква провокација од Ма­ке­до­ни­ја срп­ски­от и грч­ки­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Ко­ѕи­јас и Да­чиќ ре­чи­си во ист глас ни по­ра­чаа де­ка мо­же да нѐ сне­ма. Гру­ба­та по­ра­ка од Бел­град и од Ати­на, иа­ко се од­не­су­ва на Ма­ке­дон­ци­те на кои, ме­ѓу ре­до­ви, им бе­ше по­ра­ча­но де­ка без под­др­шка од пра­вос­лав­ни­те со­се­ди не мо­жат да ја до­би­јат би­тка­та со ал­бан­ски­от фа­ктор, има и дру­га на­ме­на. Таа, пред сѐ, бе­ше упа­те­на кон Еди Ра­ма, кој се дрз­на да ја пла­ни­ра ма­ке­дон­ска­та ид­ни­на без глав­ни­те фа­кто­ри „од­го­вор­ни за по­дел­би и за спо­ју­ва­ње те­ри­то­рии и лу­ѓе во ре­ги­о­нот“. По­ра­ка­та до Ра­ма е јас­на: тој не­ма пра­во сам на сво­ја ра­ка да спро­ве­ду­ва аген­да во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но ако во неа не се во­ди сме­тка за ин­те­ре­си­те на дру­ги­те со­се­ди. Со дру­ги збо­ро­ви, на Ра­ма му бе­ше ка­жа­но де­ка ако са­ка да ја де­ли Ма­ке­до­ни­ја ќе тре­ба за тоа да се до­го­ва­ра со Бел­град. Се­га ни оста­ну­ва да по­че­ка­ме са­мо абер од Со­фи­ја, ко­ја во мо­мен­тов се со­о­чу­ва со вна­треш­ни проб­ле­ми, но ка­ко зем­ја што се­ко­гаш би­ла ме­ѓу најг­лас­ни­те ин­стру­мен­ти во рас­шти­му­ва­ни­от бал­кан­ски ор­ке­стар, на­ско­ро ќе пу­шти глас за Ма­ке­до­ни­ја.

Колумна, Никола Србов
Да­чиќ не мо­же да оста­ви по­го­ле­ма луз­на на „гр­до­то“ ли­це на Ма­ке­до­не­цот од За­ев
Очиг­лед­но, Да­чиќ са­ка да во­ди по­ли­ти­ка на ре­ци­про­ци­тет, што пак јас мно­гу го по­чи­ту­вам. До­кол­ку тој ре­шил се­га да ги на­ру­шу­ва ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си, во пер­и­од ко­га на це­ли­от ре­ги­он му пре­стои кри­за и за­ка­на, то­гаш ние не тре­ба да при­тр­чу­ва­ме со из­ви­ну­ва­ња за на­ши­от ин­те­рес или да му реп­ли­ци­ра­ме на из­ја­ви­те, важ­ни се де­ла­та, ту­ку да си ја зе­ме­ме по­ли­ти­ка­та во на­ши ра­це. Ко­га не­кој од­на­тре ќе ви го отво­ри пра­ша­ње­то, ка­ко што тоа го сто­ри Зо­ран За­ев во пре­диз­бор­ни­от пер­и­од, во тој слу­чај из­ја­ви­те на по­ли­ти­ча­ри­те од со­седс­тво­то ви се нај­мал­ку ви­нов­ни, тие беа и оче­ку­ва­ни. Ко­га сме кај За­ев и не­го­ви­те из­ја­ви де­ка ние сме ви­нов­ни, вед­наш по из­бо­ри­те и грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја поч­на да збо­ру­ва за ре­ша­ва­ње на спо­рот со име­то и за не­ка­кви си пред­ло­зи, во оче­ку­ва­ње сум да се ја­ви и Бу­га­ри­ја со неј­зи­ни­те фа­моз­ни до­го­во­ри, итн.

Колумна, Ацо Станковски
Ве­се­ли­от за­јак
„Ве­се­ли­от за­јак“ („The Happy Rabbit“) од Оре­гон, САД, бе­ше слич­на ло­веч­ка крч­ма ка­ко таа на Кам­ник. Та­му се ја­де­ше де­ли­ка­те­сен ди­веч, а по­се­бен спе­ци­ја­ли­тет на ку­ќа­та бе­ше та­ка­на­ре­че­ни­от – „Ве­сел за­јак“, по кој беа лу­ди си­те го­ле­ми гур­ма­ни од ре­ги­о­нот. За да ја­де­те во „Ве­се­ли­от за­јак“, тре­ба­ше да ре­зер­ви­ра­те ме­сто со не­де­ли од­на­пред, а крч­ма­та ја по­се­ту­ваа бо­га­ти гур­ма­ни, ду­ри и од источ­ни­от брег, од Бо­стон, Њу­јорк, Фи­ла­дел­фи­ја или, пак, Ва­шин­гтон Д.Ц. По­не­ко­гаш има­ше страш­на на­ва­ли­ца од фран­цу­ски го­сти, кои ги м’кнеа на­ва­му нив­ни­те род­ни­ни од Кве­бек, си­те ми­ли­о­не­ри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top