| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Абрамович разговарал со директорите за отказ на Конте!

antonio-konte

Италијанскиот стратег Антонио Конте сега е на врвот во Премиер – лигата со својот тим Челси и е главен фаворит за титулата, а можеше многу лесно и да добие отказ на стартот од својата одисеја на „Стемфорд бриџ“. Лондонските „сини“ имаа проблематични моменти на почетокот од шампионатот, додека се уште се запознаваа со стилот на работа на Конте.

Иако сега тоа нема никогаш јавно да го признае, газдата Роман Абрамович имал средба со клупските директори, а темата била токму Антонио Конте. Се појавиле сомнежи дали Италијанецот е вистинскиот стратег за кормилото на Челси. Конте бил на 90 минути до отказ, а пресвртница е мечот против Хал сити на гости, кој „сините“ го добија со 0-2.

Потоа Челси на домашен терен го совлада актуелниот шампион Лестер со 3-0, следеше и фантастичен триумф над Манчестер јунајтед со 4-0, и тргна победничкиот воз на Челси. Сега Конте е херојот од „Стемфорд бриџ“ и миленик на фановите. Тие веруваат дека Италијанецот ќе им донесе нова шампионска титула на крајот од сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top