| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, повеќе не е тренер на
Банијас од Абу Даби. Челните луѓе на клубот решиле да му врачат отказ на Давитков бидејќи тој кус период во ноември дојде во Македонија за да ја предводи репрезентацијата во дуелите со Словачка и Швајцарија во
претквалификациите за пласман на Европското првенство.

– Клубови имало многу и ќе има уште, но репрезентацијата на Македонија е една, напишал, меѓу
другото, македонскиот селектор на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top