| четврток, 6 декември 2018 |

Теорија на заговор: 10 луѓе владејат со планетата, а никој не ги познава

Новиот светски поредок е позната теорија на заговор во модерната историја. Таа се темели врз контрола на популацијата на планетата, хемиско супер-оружје и владеењето на 10-мина.

Новиот светски поредок е теорија на заговор според која мала група, меѓународна елита ги контролира владите ширум светот, индустријата, медицината и речиси сите сфери на животот ширум светот.

Теоријата доби на популарност во 90-тите години на минатиот век, а целта е да се воспостави апсолутна моќ над финансиите и луѓето. Новиот светски поредок опфаќа и неколку индивидуални теории на заговор, односно поврзани теории кои се врзуваат со начинот на функционирање и контрола на масите.

Пророштвото на 10-те кралеви:
Теориите на заговор кои своите корени ги наоѓаат во библијата не се ништо ново. Според некои, новиот светски поредок е детално опишан во Книгата на Откровението. Според пророштвото, десет нации ќе се издигнат над останатите и ќе создадат нова власт. Како што стои во Библијата: „И 10-те рогови кои ги виде, беа 10 кралства, кои сеуште не примија никакво кралство, но примаат моќ како кралеви“.

Доминација на Илуминатите
Еден од најпознатите теортеичари на теоријата на заговор, Алберт Пике, наводно уште во 19-тиот век осмислил како ќе се оствари глобалната доминација на Илуминатите. Тој тесно соработувал со Ото фон Бизмарк, Џузепе Мацини и бројни други угледни личности од тоа време. Тој во 1871-ва година го напишал масонскиот прирачник „Морал и догма“, а работел и на нацртот на три светски војни. Се смета дека целта на првата светска војна е рушење на рускиот цар и претворање на таа земја во колевка на атеистичкиот комунизам. Целта на втората војна би било искористување на непријателствата помеѓу нацистите и зионистите за конечно создавање на државата Израел. Додека третата војна ќе ја предизвика непријателството помеѓу Исламските лидери и Зионистичките водачи. Исламот и Израел во таа војна би престанале да постојат, тоа ќе доведе до социјална катаклизма, а таа прилика ќе ја искористат Илуминатите за да ја правземат власта. Со тоа ќе завладее Новиот светски поредок.

Контрола на популацијата
Една од големите теории во врска со Новиот светски поредок, е масовната контрола. Поспецифично, контрола на бројот на популацијата. Некои примери за тоа се кинеската политика на едно дете, оние кои ќе го прекршат правилото добиваат казни 10 пати повисоки од целокупните примања на целото семејство, а можат и да останат без работа, здравствено и социјално осигурување, како и можноста за образование. Планот се спроведува под притисок на западните земји и се планира да остане така во наредните 50 години. Западните земји го оценуваат растот на популацијата на Кина како глобален економски и мировен проблем. УНИЦФ И УНФПА ја спонзорираат Кина со 5 милиони долари годишно за спроведување на политиката на едно дете. Според друга теорија пак, познатиот Бил Гејтс спонзорира развој на микро-чип за контрацепција. Ваквиот чип, со големина од само неколку милиметри би бил вграден под кожата на жената и би испуштал хормон левоноргестрел кој ја спречува овулацијата. Токму ваквиот начин на контрацепција би бил ефикасен, особено на местата каде има пренаселеност и настанува недостаток на храна, како на пример Африка. Со тоа бројот на популација на планетата би се намалил за посакуваните 15%.

Техника на надзор
Според поборниците на оваа теорија, еден од начините на манипулација е постојан надзор на жителите на планетата. Надзорни камери, системи за следење на комуникациите, шпионажа, па дури и обележување на луѓето преку чип. Не постои нешто што некој може да го направи а тоа дан е биде забележено. Тоа се должи првенствено на нашата зависност од технологија. Токму сите гаџети, мобилни телефони, лап топи, се поврзани на ГПС и служат како инструменти преку кои многу лесно можеме да бидеме следени.

Контрола на времето
Во последните 20-тина години интензивно се работи на системи кои се наменети за истражување на временските услови и можна контрола на истите. Представени како нешто што би го унапредило човештвото, како на пример создавање дожд во сушни предели, самата идеја звучи алтруистично. Но, дали навистина е тоа така? Поборниците на Новиот светски поредок, тврдат дека системите како американскиот ХААРП се злоупотребуваат, односно дека се користат за манипулација. Некои тврдат дека системот се тестира така што ја уназадува јапонската индустрија која е закана за американската. Примери можат да се забележат во катастрофата во Фукушима или земјотресите на Хаити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top