| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден нацистички куфер со черепи од вонземјани

Друштвените мрежи и многу светски портали пишуваат за нова теорија на заговор – пронајден е куфер со нацистички ознаки, а во него черепи со чуден облик, како да потекнуваат “од демони или вонземјани”.

Черепите се откриени во селото Каменомоцка во во рускиот регион Адигеја, на северот од Кавказ, пренесуваат порталите, повикувајќи се на руската новинска агенција Интерфакс, иако не е сосема јасно кога се пронајдени.

Теоретичарите на заговор веднаш го поставија прашањето: дали е ова доказ дека нацистите биле соработници на вонземјаните или станува збор за неколку животински черепи? Како што секогаш се случува со ваквите наоди, не недостасуваат фотографии и снимк на друштвените мрежи и ЈуТјуб, но нема детали за самиот наод.

Порталите кои се занимаваат со теми поврзани со вонземјани сметаат дека нацистите на Хитлер се сретнале со вонземјани.

Куферот на себе имал лого од нацистичката организација Ахненербе, група која е формирана за истражување на историјата на ариевската раса, пишува Интерфакс.

-Што точно ги поврзува активностите на оваа организација и пронајдените черепи не е јасно. Но, факт е дека оваа организација била заинтересирана за местата на моќ, како менхирите, гробниците и слично, вели локалниот историчар Игор Огај.

Наводно, черепите ги пронашол истражувачки тим нба чело со научникот Владимир Меликов во пештера на планината Бољшок Тјач во Адигеја.

Иако се пронајдени уште пред две години, вестите за овие черепи почнаа да кружат откако беше пронајден уште еден нацистички куфер и мапа на Адигеја направена во 1941 година.

Групата Ахненербе ја составил Хајнрих Химлер во 1935 година за да собира докази за ариевската раса за тоа дека “таа некогаш владеела со целата планета”.

Но, набргу се разгранила и во сферите на окултизмот, истражувањата на паранормални работи, псевдонаука, истражување на вонземјани и развој на оружје поради опсесијата на Химлер со овие теми.

Меликов во извештајот наведува дека суштествата се “поинакви од се што досега му е познато на човекот”.

-Меѓу најтаинствените карактеристики на черепите е отсуството на свод на черепот и вилицата, додека очните отвори се необично големи и имаат карактеристични линии, слични на човечките.

Дури и кога ќе се споредат со черепи од мечки, тешко е да се помисли дека в раце немате вонземско суштество, додава тој.

Руските медиуми наведуваат дека во овој регион изминатите години се пронајдени и други предмети кои се поврзуваат со нацистите.

Ловџии минатото лето пронајдоа уште еден куфер со логото на Ахненербе, за кој се смета дека им припаѓал на ловџиите од германската дивизија Еделвајс.

Исто така, пронајден е прстен на кој е изгравиран војник на врв од планина и неколку нацистички униформи.

Еделвајс (рунолист) бил амблемот на Гебигсјегер – германските планински единици во Втората светска војна.

Во текот на 2014 година локалното население во истиот регион го пронајде местото на погребување на германски војници од пешадијата за кои се верува дека загинале во лавина.

Черепите и куферот сега се префрлени во археолошкиот комплекс во Бјеловоѓ, локација каде се чуваат многу “историски аномалии”, пишуваат порталите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top