Многу заговорници на теориите на заговор сметаат дека трагите кои остануваат зад авионите се знак дека влста нѐ запрашува, ја менува климата и нѐ труе. Но, научниџите кои деаљно се занимавале со анализа на оваа појава, имаат други сознанија.
Истражувачите не пронашле докази за постоење програма за хемиско запрашување од големи размери која се одвива без наше знаење и заклучиле дека карактеристичните „кемтрејлс“ на небото можат да се објаснат со сознанијата заводената пареа.
И покрај недостатокот на цврсти докази за кемтрејлери, оваа теорија на заговор нема лесно да исчезне, за што пидонесуваат и постерите кои од време на време се појавуваат на Фејсбук и на Твитер и сугерираат дека облаците кои се влечат по авионите кријат мрачна тајна.
Овие шблони на небото севсушност контрејлс или кондензациски траги кои се создаваат како резултат на водената пареа и замрзнувањето околу аеросолите од издувните гасови на леталата.
Сепак, од некоја причина многумина мислат дека ги предизвикуваат индистриите и владите кои во атмосферата испуштаат хемикалии со кои сакаат да влијаат на вмренеските услови и на здравјето на луѓето. Колку е сериозна работата покажува и меѓународната анкета од 2011 годоина според која речиси 17 отсто учесници веруваат во тајни програми за запрашување од големи размери.
„Сакавме да направиме научен записник за тајните на атмосферските програми за запрашување за доброто на оној дел од јавноста кој е неопределе по ова прашање. Експерите кои ги анкетиравме остро ги отфрлаа фотографиите од контрејлерите и резултатите од тестовите како доказ за голем атмосферски заговор“, вели главниот истражувач Стивен Дејвис од Универитетот Калифорнија.
За да откријат за што станува збор, интервјуирани се 77 научници кои требало да знаат многу повеќе за овој проблем од просечниот човек. Се работи за хемичари кои ја проучуваат атмосферата, специјализирани за кондензаиски траги и геохемичари, кои го прочуваат таложењето прав и загадување во атмосферата.
Од таа група, дури 76 научнци рекле дека не наишле на докази за таен проект од големи размери. Откритието до кое дошле е „високо ниво на бариум во атмосферата на зафрлени места со стандардно мал процент бариум во земјата“.
Со други зборови, забележана е нерамнотежа која може да се објасни со распрашување хемикалии во стмосферата, но не се најдени докази за некоај злонамерна или тајна активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.