| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозни кругови во Јадранското Море направени од НЛО

На дното на морето во близина на брегот има 50 мистериозни кругови во кои ништо не расте, а мистериозните светлосни објекти често ја посетуваат оваа област.

Откривањето на овие мистериозни кругови на дното на Јадранско Море предизвика збрка помеѓу истражувачите. Биолози од Хрватска тврдат дека никогаш не виделе нешто слично во минатото.
Покрај островот Дуги Оток, кој се наоѓа во централна Далмација недалеку од Задар, истражувачите откриле околу 28 круга, при што секој од нив е со пречник од 50 метри. Интересно е дека се наоѓаат на иста оддалеченост (300 метра) од крајбрежјето и едни од други.
Хрватските истражувачи забележале над 50 круга со ист пречник во близина на островите Премуда, Молат, Уније, Сусак и Сракане, а сметаат дека има уште кои се уште не се откриени.


До откривањето дошло додека се документирале поморските видови во таа област. Истражувачите прво го проучувале феноменот преку сателитски фотографии, потоа нуркачи ја посетиле областа и се шокирале, не можејќи да пронајдат логично објаснување за овие мистериозни кругови. Според биологот Мосора Прван, во внатрешноста на овие кругови не расте ништо и во нив има само тиња и песок.
Интересно е тоа што локалното население ги поврзува овие мистериозни кругови со чудни светла кои се појавуваат на небото. НЛО експерти укажуваат дека овие кругови се направени од НЛО.


Изгледа како некој или нешто со огромен алат да ги отстранил морските билки. Биолозите не знаат кога и како овие кругови настанале, но од некоја мистериозна причина во нив ништо не расте.
Морските биолози се обидоа да откријат дали овој феномен е предизвикан од лов на риби со динамит или од потребите за нафта, но експертите од тие области наведуваат дека доколку би имало такви активности, би оставиле друг вид на траги кои не би биле симетрични.
Хрватски биолози размислуваат да направат хемиска анализа на песокот кој се наоѓа во круговите, мислејќи дека тоа ќе им помогне да дојдат до нови траги.
Како што пишуваат хрватските новински агенции, локалното население верува дека мистериозните кругови се директно поврзани со мистериозните светлосни објекти кои често ја посетуваат оваа област.


Постојат извештаи од 1997 година, каде што во локалната полиција е пријавено дека светлечки сфери се појавиле во морето. Овој феномен никогаш не е објаснет и никој не знае како тие сфери настанале и за што служат.
Националната војска негира каква било поврзаност со овие мистериозни кругови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top